Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе се одржи симулациска вежба за укажување на прва помош во сообраќајка

Утре ќе се одржи симулациска вежба за укажување на прва помош во сообраќајка

Утре ќе се одржи симулациска вежба за укажување на прва помош во сообраќајка

Охрид, 16. април 2025 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид во партнерство со Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи, утре напладне на паркингот пред плоштад „Чинар“ ќе изведе симулациска показна вежба на извлекување и укажување на прва помош на повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваат патничко моторно возило и мотор.

Службениците од Одделот за превенција при СВР Охрид, заедно со волонтерите на Црвен крст Охрид ќе делат едукативен материјал за важноста од почитување на сообраќајните прописи со особен акцент на правилно врзување на сигурносен појас во возилото и правилно носење кацига при управување мотор.

Заинтересираните присутни по завршување на вежбата ќе имаат можност со поддршка на парамедиците на Црвен крст Охрид да пробаат дел од техниките и постапките за правилно укажување прва помош и правилно вадење на кацига од повредено лице. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Композиторите од Охридскиот регион“ – нова книга од Гоце и Наумче Џуклески
Next „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.