Хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” на 7- ми мај во Охрид
April 25, 2025

Охрид, 25. април 2025 (ИНПРЕС) – „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” е насловена хуманитарна трка во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, а поддржана од ЈП „Билјанини извори“.

Пријавувањето и котизацијата за учество се бесплатни, а секој учесник на овој начин ќе даде поддршка на сите кои поминуваат низ овој тежок период.

– Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред ,,Харбор’’ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија, информираат од  СОСУ „Св. Кирил и Методиј”.

Трката ќе се одржи на 7-ми мај (среда) со почеток во 12:00 часот. Претходно од 11:00 часот предвидена е кратка програма и загревање на учесниците.

Заинтересираните може да се пријават на следниот ЛИНК или во просториите на училиштето.

Подигнувањето на стартните броеви ќе биде на 5-ти и 6-ти мај од 08:00 часот до 17:00 часот во училишниот двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива