Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” на 7- ми мај во Охрид

Хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” на 7- ми мај во Охрид

1 min read
Хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” на 7- ми мај во Охрид

Охрид, 25. април 2025 (ИНПРЕС) – „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” е насловена хуманитарна трка во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, а поддржана од ЈП „Билјанини извори“.

Пријавувањето и котизацијата за учество се бесплатни, а секој учесник на овој начин ќе даде поддршка на сите кои поминуваат низ овој тежок период.

– Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред ,,Харбор’’ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија, информираат од  СОСУ „Св. Кирил и Методиј”.

Трката ќе се одржи на 7-ми мај (среда) со почеток во 12:00 часот. Претходно од 11:00 часот предвидена е кратка програма и загревање на учесниците.

Заинтересираните може да се пријават на следниот ЛИНК или во просториите на училиштето.

Подигнувањето на стартните броеви ќе биде на 5-ти и 6-ти мај од 08:00 часот до 17:00 часот во училишниот двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва премиера на претставата „The Mousetrap“ на ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“
Next Поплавен влез во зграда на улица „Карпош Војвода“ по синоќешниот пороен дожд

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.