May 3, 2023

Охрид, 3. мај 2023 (ИНПРЕС) – Со успешно завршени подготовки, АК „Охрид“ забележа одличен настап на Меѓународниот атлетски митинг „Бар 2023“, што на 1-ви мај се одржа во Црна Гора.

Јован Стојоски и Искра Маџоска имаа 10 дневни подготовки во Бар, што резултираше со забележителни резултати на митингот.

Нема достапен опис

– Јован Стојоски го зазеде третото место на трката на 100 метри со резултат 10.90 секунди. Искра Маџоска во трката на 100 метри финишира на 14-то место со одличен резултат со оглед на тоа дека е сé уште само почеток на оваа сезона. Блаже Љушев учествуваше во скок во далечина и го зазеде третото место со остварен резултат од 6.48, информираат од АК „Охрид“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: АК „Охрид“