Охрид, 20. април 2026 (ИНПРЕС) – Атлетичари на АК Охрид со одлични резултати на 10. Турнир во скокачки дисциплини и Националниот Куп во фрлачки дисциплини, што викендов се одржаа во Скопје.
Стефан Стефаноски ја потврди доминацијата во својата дисциплина – фрлање диск и го освои првото место, додека Блажо Љушев заврши третопласиран во дисциплината скок во далечина.
Со овие натпревари воедно започна сезона на отворено за годинава. Веќе следниот викенд, на 25 април, ќе се одржи Меѓународниот митинг „Отворање на сезоната 2026“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
