Охрид, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки.
Тој на Меѓународниот митинг што се одржа во Марибор, Словенија, патеката ја истрча за време 53.65. Досега рекордер во оваа дисциплина беше Бранко Илиевски со време 55.11, поставен во далечната 1980 година.
Стојоски повеќе од задоволен од постигнатиот успех. Вели дека ова е негова втора трка во оваа дисциплина во досегашната кариера.
Со овој последен успех, Стојоски сега е носител на 9 државни рекорди. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







