Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Волшебната новогодишна бајка со Биби и Боби овој петок во Охрид

Волшебната новогодишна бајка со Биби и Боби овој петок во Охрид

1 min read
Волшебната новогодишна бајка со Биби и Боби овој петок во Охрид

Охрид, 25. декември 2023 (ИНПРЕС) – Во петок, на 29-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид премиерно ќе биде прикажан новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година“ од „Светот на Биби“.

Во цртаниот филм ќе дознаете што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот. На светот? Подобро речете – во целата бесконечна вселена. Но, ако мислевте дека нема кој да го реши проблемот – погрешивте. Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.

Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а режисери се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous 205 години откако е напишана, „Тивка ноќ“ останува омилената божиќна песна
Next Струјата од први јануари ќе поевтини за првиот блок за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.