Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

1 min read
Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Охрид, 12. март 2026 (ИНПРЕС) – Во сабота, 14-ти март, во Охрид ќе се одржи Државното првенство во традиционално таеквондо ИТФ.

Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација. Учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините форми и борби, во неколку категории (деца, млади, постари млади, јуниори и сениори), во машка и женска конкуренција.

Првенството ќе се одржи во спортската сала на ОУ „Ванчо Николески“ во село Косел.

Согласно распоредот на настани, подготовките започнуваат од 10:00 часот, натпреварите во форми и спаринг започнуваат од 11:00 часот, а свеченото отворање на првенството е закажано за 12:00 часот, по што ќе продолжат натпреварите.

Ќе бидат доделени медал и дипломи, како и пехари за најдобри поединци во машка и женска категорија и за најдобар клуб. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Да се постават корпи за отпадоци на патеката кај „Лабино“ – апел од граѓаните
Next Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.