Охрид, 12. март 2026 (ИНПРЕС) – Во сабота, 14-ти март, во Охрид ќе се одржи Државното првенство во традиционално таеквондо ИТФ.
Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација. Учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините форми и борби, во неколку категории (деца, млади, постари млади, јуниори и сениори), во машка и женска конкуренција.
Првенството ќе се одржи во спортската сала на ОУ „Ванчо Николески“ во село Косел.
Согласно распоредот на настани, подготовките започнуваат од 10:00 часот, натпреварите во форми и спаринг започнуваат од 11:00 часот, а свеченото отворање на првенството е закажано за 12:00 часот, по што ќе продолжат натпреварите.
Ќе бидат доделени медал и дипломи, како и пехари за најдобри поединци во машка и женска категорија и за најдобар клуб. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
