Охрид, 22. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Минатиот викенд во просториите на Црвен крст Охрид се одржа првата работилница од овогодинашниот ЦКА – ПХВ циклус за новите ПХВ младинци.
На истата тие имаа можност да се запознаат со дисеминаторот Ана Марија Петковска и нејзиниот помошник Борче Исакоски, годинашни мини ментори, како и со целите и концептот на работа на програмата.


Младинците работеа во групи и индивидуално и научија како е основан Црвениот крст, кои се принципите на движењето, за значењето на амблемите на Црвен крст, за Женевските конвенции, Меѓународен Комитет, Меѓународна Федерација и национално друштво на Црвен крст. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







