Охрид, 5. мај 2023 (ИНПРЕС) – В недела, Македонската квиз асоцијација ќе одржи Мастер квиз на републичко ниво во Охрид.
Ќе бидат присутни вљубеници во квизовите и енигматиката. Ќе се одговара на 200 прашања од 8 општи теми: историја, култура, медиуми, забава, животен стил, наука, свет и спорт, односно од секоја тема по 25 прашања. Автор на прашањата е Бари Исени.
– Се изнаслушавме (а, богами, и се изназборвавме) муабети дека немат луѓе и дека ништо не се дешават надвор од оние неколку недели туристичка сезона, па решивме малце да придонесиме за да се размрдат нашиов крај и во овај „бош“ период. Ево ни можност за сите заедно да смениме нешто и барем накратко да излезиме од кафеџиската спирала, порачаа организаторите преку официјалното соопштение што беше толку симпатично, на ниво на Охридско/Струшки (Крушевски) манифест.
Мастер квизот ќе се одржи во амфитеатарот на УИНТ „Св.Апостол Павле“ со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







