Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • В недела Македонската квиз асоцијација ќе одржи Мастер квиз во Охрид

В недела Македонската квиз асоцијација ќе одржи Мастер квиз во Охрид

Охрид, 5. мај 2023 (ИНПРЕС) – В недела, Македонската квиз асоцијација ќе одржи Мастер квиз на републичко ниво во Охрид.

Ќе бидат присутни вљубеници во квизовите и енигматиката. Ќе се одговара на 200 прашања од 8 општи теми: историја, култура, медиуми, забава, животен стил, наука, свет и спорт, односно од секоја тема по 25 прашања. Автор на прашањата е Бари Исени.

– Се изнаслушавме (а, богами, и се изназборвавме) муабети дека немат луѓе и дека ништо не се дешават надвор од оние неколку недели туристичка сезона, па решивме малце да придонесиме за да се размрдат нашиов крај и во овај „бош“ период. Ево ни можност за сите заедно да смениме нешто и барем накратко да излезиме од кафеџиската спирала, порачаа организаторите преку официјалното соопштение што беше толку симпатично, на ниво на Охридско/Струшки (Крушевски) манифест.

Мастер квизот ќе се одржи во амфитеатарот на УИНТ „Св.Апостол Павле“ со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МТСП: Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1.203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври
Next Владата им стави европско знаме на Предлог-законите за коридорите

Слични вести

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“ 1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“
1 min read

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“

Здравје: Што се случува со водата во чаша преку ноќ? Здравје: Што се случува со водата во чаша преку ноќ?
1 min read

Здравје: Што се случува со водата во чаша преку ноќ?

Дел од централното градско подрачје утре без вода поради сервисирање на мрежата Дел од централното градско подрачје утре без вода поради сервисирање на мрежата

Дел од централното градско подрачје утре без вода поради сервисирање на мрежата

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.