Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

1 min read
Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Читатели на InPress  апелираат навремено да се коси и одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино.

До нашата редакција испратија и фотографии од сегашната состојба. Велат зеленилото сé уште не е многу израснато, но мора да се одржува за овој потег да не прерасне во урбана „џунгла“, особено што нé очкуваат повисоки дневни температури.

-Некосената трева и грмушки можат да ја намалат прегледноста на патеката, високата трева е идеално место за развој на инсекти, глодари и други животни

– Негрижата за зеленилото остава негативен впечаток кај посетителите. Во летните месеци, сувата и некосена трева може да биде и потенцијален извор на пожар, велат граѓаните.

Редовното косење и одржување не е само прашање на естетика, туку и на безбедност, здравје и зачувување на оваа атрактивна локација. Надлежните треба навремено да реагираат за патеката да остане уредена, безбедна и привлечна за сите што ја посетуваат.

Патеката беше пуштена во употреба во јуни 2017 година. Долга е околу 2,5 километри и е едно од омилените места за прошетка на охриѓани и гостите во стариот дел на градот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид
Next Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.