Охрид, 24. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид за противник ја добија екипата на грчки Олимпијакос во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп.
Првиот натпревар ќе се одигра на 28/29 март во Атина, а реваншот во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид на 04/05 април.
Победникот од нашиот дуел во полуфиналето ќе игра против подобриот во дуелот меѓу Целје (Словенија) и Бузау (Романија). (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
