Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започна уривањето на фонтаната на плоштадот кај Чинарот во Охрид

Започна уривањето на фонтаната на плоштадот кај Чинарот во Охрид

1 min read
Започна уривањето на фонтаната на плоштадот кај Чинарот во Охрид

Охрид, 27. април 2023 (ИНПРЕС) – Во текот на денешниот ден започна уривањето на фонтаната на плоштадот кај Чинарот во Охрид.

Од Општина Охрид за Супер радио и InPress информираа дека сега се урива само фонтаната и тој простор соодветно ќе се уреди, а штом се добие одобрението за реконструкција, ќе стартуваат и соодветните градежни работи.

Реконструкцијата на плоштадот беше дел од изборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков. Тој на почетокот на јануари годинава најави дека проектот е вреден 47 милиони денари. Според проектот, плоштадот, ќе добие нов, современ лик, со нова урбана опрема, клупи, канделабри, лед светилки, канти за отпадоци. Во текот на месец март се вршеа археолошки истражувања, како дел од постапката за добивање на одобрението за реконструкција.

Плоштадот кај Чинарот години наназад чека на реконструкција. Несовесни лица во фонтаната досега фрлаа сé и сешто, некои си зедоа за право и да ги искршат мермерните плочки, а и годините и временските прилики оставиле печат врз неа. Во неколку наврати само беше санирана и чистена, но сепак беше непријатна слика за охриѓани, но и за посетителите.

Граѓаните преку коментари на социјалните мрежи го одобруваат денешното рушење на фонтаната. Се надеваат дека за скоро конечно ќе добијат место со корисен и уреден простор, кој ќе биде вистинска атракција како за нас така и за туристите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Следната недела ќе се врши земјена дезинсекција против ларви од комарци
Next Охрид претставен на Саемот за туризам и спорт во Приштина

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.