Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЗАСТРАШУВАЧКА ПОРАКА: Исламисти му се заканија на Балканот и на Македонија

ЗАСТРАШУВАЧКА ПОРАКА: Исламисти му се заканија на Балканот и на Македонија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 15.јули 2015 (ИНПРЕС) – Ние сме исламски халифат, радувај се Македонијо, доаѓа шеријатот, стои во дел од застрашувачката видеопорака што се појави на Јутјуб, а на која наводна исламска организација се заканува со освојување на целиот Балкан со колеж и убиства.

Во пораката, насловена „Ние сме исламски халифат – касида“, Србија од страна на исламските терористи е означена како почетна мета, односно како центар на Балканот кој треба прв да го освојат.
По Србија, на метата на исламистите се наоѓаат и другите земји на Балканот, односно Хрватска, Црна Гора, како и Македонија. Исламистите наводно планираат покорување и на Албанија, Босна и Херцеговина, како и на Косово, како би создале своевидна балканска варијатна на ИСИЛ.

„Радувајте се Балканци, се наближуваат подобри денови, ви доаѓаат муслимани, ние сме исламски халифат“, гласи првата строфа од пораката испратена како верско пеење.

За Србија се вели „Радувај се Србијо, ќе бидеш дел од исламот иако тоа не ти се допаѓа, ние сме исламски халифат“, стои во стиховите за Србија.

Македонија, пак, е ставена во група со Албанија и со Косово. „Радувајте се Албанијо, Косово и Македонијо, ќе ви го вратиме шеријатот, ние сме исламски халифат“.

Сепак, видеопораката е само една од многуте што пропагандата на ИСИЛ ги шири низ светот. Во земјите на Балканот и во ЕУ се засилени мерките за безбедност на сите нивоа, особено откако во Франција се случи исламистичкиот напад во кој загинаа цивили.

Засилени мерки за безбедност имаше и на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, кој се одржа минатиот викенд, а како превентива за евентуални терористички напади.(Крај)

извор:Телеграф фото:архива

Post navigation

Previous Во Грција настапи 24-часовен штрајк
Next Поранешен телохранител на Алија Изетбеговиќ го наместил нападот на Вучиќ

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.