Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Највисока температура на воздухот 37,5 степени, во еден ден може да наврнат над 90мм дожд – Факти за метеоролошките мерења во Охрид

Највисока температура на воздухот 37,5 степени, во еден ден може да наврнат над 90мм дожд – Факти за метеоролошките мерења во Охрид

1 min read

Охрид, 23. март 2023 (ИНПРЕС) – Денес се одбележува Светскиот ден на метеорологијата, а свеченоста годинава ќе се одржи во метеоролошката станица во Берово под мотото „Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“.

По повод денешниот ден во продолжение ќе изнесеме неколку факти поврзани со метеоролошките мерења во Охрид.

Метео станицата во Охрид има долг историјат на мерење што датира од 1923 година како дождомерна станица и од 1945 година на денешната локација, до ОУ „Св.Климент Охридски“, како главна станица. Во историската архива се документирани сите метеоролошки податоци. Па така рекордно највисока температура на воздухот во Охрид од 37,5 степени е измерена во јуни 2007, во јануари 1954 најниската температура била -17,2 во Охрид за еден ден може да наврнат над 90мм дожд, а имало и години кога 78 последователни денови немало капка дожд.

Нема достапен опис

Минатата година на свеченоста по повод денешниот ден беше откриена скулптурата „Весна“, дело на Даниела Илијоска, раководтел на Главната метеоролошка станица во Охрид. Ја симболизира старословенската божица на пролетта, а направена е од 1891 шишарка, односно годината од кога почнало мерењето на температурата на воздухот во Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден
Next Симоноска/Јосифоски: Очекуваме уште еден успешен турнир „Охрид Опен 2023“во олимписко таеквондо, ќе учествуваат околу 200 натпреварувачи

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.