March 1, 2023

Охрид, 1. март 2023 (ИНПРЕС) – Со забележителни резултати и неколку освоени медали се вратија атлетичарите на АК „Охрид“ од Националниот Куп во фрлачки дисциплини, што се одржа во Скопје.

Стефан Стефаноски во дисциплината фрлање диск освои прво место и постигна нов личен резултат од 47.07метри, додека во фрлање ѓуле освои сребро и повторно со нов личен резултат.

Нема достапен опис

Искра Маџоска од ова натпреварување се врати со два бранзени медали во фрлање ѓуле и копје.

Блаже Љушев во дисциплината фрлање копје заврши како третопласиран, а во фрлање диск и ѓуле не освои медал, но постигна подобри лични резултати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива