Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Новости – Косовската претседателка знаела за нападите во Куманово

Новости – Косовската претседателка знаела за нападите во Куманово

1 min read

Куманово/Приштина, 28. мај 2015 (ИНПРЕС) – Извор од Косовската разузнавачка агенција тврди дека косовската претседателка Атифете Јахјага и премиерот Иса Мустафа биле информирани за можноста за инцидент во Куманово, пишува денеска приштинскиот весник Коха.

Изворите велат дека агенцијата пресретнала разговори меѓу група граѓани на Косово и Македонија, кои биле скриени во пет куќи поврзани со тунели во Куманово, од кои се гледа дека тие сакале да ја заживеат албанската Ослободителна народна армија, вели Новости.

Коха пишува дека 70 отсто од населението биле евакуирани во текот на ноќта кога почнале борбите и додава дека само четворица осомничени знаеле дека ова е направено според однапред договорено сценарио.

Планот на водачите бил да ги повикаат некои од членовите на групата во Куманово на состанок на штабот и потоа да ѝ ги предадат на полицијата, но овие отвориле оган врз полицајците и ситуацијата излегла од контрола, пишува Коха.

Весникот Зери пишува дека Комитетот за внатрешни работи и безбедност на Собранието на Косово го повикал премиерот Мустафа да поднесе извештај за сознанијата што ги имал во врска со инцидентот во Куманово. (Крај)

извор: mkd.mk фото: архива

Post navigation

Previous Тројца убиени во напад во центарот на Тирана
Next Косовскиот парламент ќе дебатира за ОВК

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL
1 min read

Во тек се акциските контроли за брзо возење во рамки на ROADPOL

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.