Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската библиотека доби 1 160 000 денари поддршка од министерството за култура за реализација на 17 проекти

Охридската библиотека доби 1 160 000 денари поддршка од министерството за култура за реализација на 17 проекти

1 min read
Охридската библиотека доби 1 160 000 денари поддршка од министерството за култура за реализација на 17 проекти

Охрид, 20. февруари 2025 (ИНПРЕС) – НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид годинава доби 1 160 000 денари од Министерството за култура и туризам за реализација на 17 проекти.

Во годишната програма за работа на библиотеката и годинава доминираат 15 проекти од библиотечната дејност. Радува фактот што комисиите и министерот Зоран Љутков препозна позитивен исчекор, но и континуитет во дел од нив, вели в.д директорката на установата Христина Трпеска.

– Првиот проект манифестацијата „Прличеви беседи“ веќе успешно го реализиравме. Следуваат третата годишна средба на роднокрајните писатели, „Читаме гласно и раскажуваме“, „Книгата најдобриот другар на децата“, „Книгата поблиску до старите лица“ што успешно се реализира во соработка со Црвен крст – Охрид и натпреварот „Млади библиотекари“. Ќе има средства и за работата на книговезницата, заштита на движното културно наследство и за обработка и зајмување на библиотечен материјал. Посебна Комисија во библиотеката веќе работи на избор на нови наслови со што ќе се збогати книжниот фонд во детското и одделението за возрасни, годинава ќе бидат издвоени 450 000 денари, за 100 000 денари повеќе од лани. Ќе продолжиме со заштитата на стари и ретки книги по пат на конзервација и реставрација, а ќе има пари и за континуирани обуки на вработените и за набавка на два компјутери и печатач. За првпат годинава во соработка со Лајонс клубот „Деница“ ќе организираме трибини под наслов: „За поубав свет“ и „Хортикултурни библиотеки“. Во овој проект планирана е средба и работилница на претставници од библиотеки од регионот, поврзана со 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина, вели Трпеска.

Во издавачко – литературната дејност ресорното министерство одобри еден проект. Второто издание на фестивалот на поезијата „Слушни го езерото“ планиран за 21-ви јуни – Денот на Езерото, а во соработка со библиотеките од Струга и Поградец.

Во делот на инвестициите годинава библиотеката доби средства за изработка на основен проект за реконструкција на покривот.

Надвор од годишната програма финансирана од страна на министерството за култура и туризам од библиотеката најавуваат и низа други настани, плод на креативноста на вработените, а финансиски делумно покриени од сопствени средства, Општина Охрид и други спонзори и донатори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата
Next Пристигна првата пријава за отпад на апликацијата TrashPinger, локацијата ќе се чисти во сабота

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.