Охридскиот Архив со акција за афирмација на ликот и делото на Наум Џуклески
May 8, 2023

Охрид, 8. мај 2023 (ИНПРЕС) – Историскиот Архив од Охрид како регионален за повеќе општини, а во склоп на Државниот Архив се залага за откривање и публикување на личности кои и тоа како имале значение низ минатото.

Изминатиот период преземена е значајна документација и творештвото на познати личности од Охрид, со цел да не се заборави историјата и делата на познати дејци.

Најново, Архивот започнува акција за изнаоѓање на метријали и давање на поддршка во афирмацијата за ликот и делото на Наум Џуклески но и многумина други кои на свој начин придонесле за кон подобро утре.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе студираат, книга и текст

– Според усните и писмените сведоштва особено од село Лескоец, Наум Џуклески со неговото несебично залагање бил значаен во благородната мисија и при воспоставувањето на првото училиште во селото. Меѓудругото со голема радост отстапил и дел од неговата куќа кадешто живеел со своето повеќебројно семејство, а со цел непречено да започне со работа училиште каде што ќе се едуцираат мадите генерации. Исто така во неговиот дом го сместил и учителскиот кадар, информираат од охридскиот Архив.

Оттаму очекуваат и поддршка од сите заинтересирани кон збогатување на фондот со документи и сведоштва за значајни локални дејци од општините под покровителство на Архивот Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива