Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот Црвен крст организира обука за негователи на стари лица и лица со попреченост

Охридскиот Црвен крст организира обука за негователи на стари лица и лица со попреченост

1 min read

Охрид, 19. април 2023 (ИНПРЕС) – Врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасни и решението од страна министерството за образование и наука, охридскиот Црвен крст распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните лица од Охрид и Дебрца може да аплицираат заклучно со 5-ти мај годинава.

Можно е да е слика од еден или повеќемина

– Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено минимум средно образование; да се со општа психо-физичка и здравствена способност за работа; да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица и лица со попреченост; да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега при Црвен крст Охрид. Од документи потребно е уверение за државјанство, документ за лична идентификација (лична карта, пасош) и доказ за завршено образование. Заинтересираните кандидати можат да се пријават и искажат интерес на телефоните: 046 261 909 и 070 315 309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk,а потребните документи треба да ги достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, најдоцна до 05.05.2023 до 15 часот, информираат од Црвениот крст.

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со признат високообразовен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост и ќе имаат можност да бидат ангажирани како негуватели во Нега Центарот на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Дрогришки од ГРК Охрид на поширокот список на Лазаров за квалификациските натпревари со Луксембург и Турција
Next Од 8-ми до 10-ти мај Охрид ќе биде домаќин на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.