Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија, автор е охриѓанката Емилија Наумоска

Промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија, автор е охриѓанката Емилија Наумоска

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во недела, 26-ти февруари, во кафе барот „Shilla“ ќе се одржи промоција на „DARE“, 6-месечен дневник што ја разработува телесната дисморфија и се фокусира на моменталните чувства за нашето тело.

Автор е охриѓанката Емилија Наумоска. Во краткиот разговор за Супер радио и InPress, во пресрет на промоцијата, таа вели дека акцентот е ставен на тоа како денес се чувствуваш и што денес направи за твоето тело, бидејќи нема поважен ден од денес.

– Исто така разработени се 6 теми како исхрана, физичка активност, партнерски врски, самоограничувања, социјални мрежи и социјална анксиозност – сите тие теми се поврзани со телесната дисморфија и има совети од лично искуство истите да ги подобриш. На пример, како социјалните мрежи влијаат врз твојата слика за телото, вели Наумоска.

Нема достапен опис

Додава дека идејата да напише ваков дневник произлегла од лично искуство.

– Повеќето луѓе се справуваат со телесна дисморфија зад затворени врати, а истата знае да има влијание во различни ситуациии во животот. Мојата негативна слика за моето тело ми создаваше социјална анксиозност и лоша врска со храна и физичката активност. Едноставно, негативната слика за моето тело ме спречуваше да го живеам животот како што сакам, бидејќи се фокусирав да го сменам за да биде прифатено во социјалните стандарди за убавина, а со тоа, повеќе ќе бев прифатена јас. Сé почнуваше и завршуваше со моето тело. Строги диети пред лето, широка облека, срамежливост, ниска самодоверба, нездрави врски со луѓе и многу други работи. Но, овој тежок период го поминав сама и баш тогаш научив што значи да го цениш и сакаш своето тело и да се грижиш за него, а не да се „грижиш” за тоа како другите го гледаат. Па, оттука дојде идејата да се направи производ што ќе им помогне на сите да се справат со ваков тип на негативни навики и чувства, потенцира Наумоска.

Нема достапен опис

На самата промоција, што ќе започне во 18:00 часот, дневникот DARE ќе се продава по промотивна цена од 599 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вселенскиот патријарх Вартоломеј годинава лично ќе го донесе томосот за автокефалноста на МПЦ-ОА
Next Македонците над европскиот просек според познавање на странски јазици

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.