Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на 15 сантиметри под месечниот просек

Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на 15 сантиметри под месечниот просек

Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на 15 сантиметри под месечниот просек

Охрид, 29. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Во втората половина од јануари е забележливо намалување на нивото на водата во Охридското Езеро, што и онака е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења нивото е на кота од 693,20 м.н.в што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,35 м.н.в) и 10 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9,0 степени и е за 2,2 степени повисока од просечната.

Во првата половина од јануари се бележеше минимален раст на водостојот, но во втората половина константно е во пад. Последнава недела нивото е намалено за три сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени локални врнежи од дожд кон крајот на денот. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Денеска и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Градоначалникот Пецаков на средба со австрискиот амбасадор Памер
Next Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа „Чувај се себеси“ за 2025 година

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.