Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сребрен медал за градскиот мешан хор Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови

Сребрен медал за градскиот мешан хор Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови

1 min read

Охрид, 10. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos се врати со сребрен медал од Меѓународниот хорски натпревар што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора.

Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме освоија сребрен медал во категорија C (мешани хорови).

Сигурно, моќно и емотивно звучеа композициите „Sicut cervus“, „Konj“, „Besame musho“ и „Капетан“ во црквата „Св.Јоаким“. Публиката тоа го награди со долги аплаузи и овации, меѓу нив имаше и такви кои не можеа да ги сокријат емоциите понесени од она што го слушнаа, а жири комисијата даде високи оценки за квалитетот на изведбата. Потенциран беше изборот на композициите и одличната соработка на хористите и диригентот за време на изведбата.
Диригентот Бурим Хидри, сѐ уште под импресии од настапот, во изјава за Супер радио и InPress рече дека е премногу задоволен од нивното претставување и постигнатото.

– Особено сум среќен и горд на ова достигнување, заедно со моите хористи. Имавме силна конкуренција во категоријата во која се натпреварувавме, а нашиот квалитет и потенцијал беа препознаени од жири комисијата, освоивме 86 поени. Да добиеш силни аплаузи за настапот, а и да видиш како во публиката има и такви кои беа особено емотивни, за мене тоа беше особен поттик, рече Хидри.

Додаде дека пофалби добил и од негови колеги кои учествуваа на фестивалот, а хорот веќе доби и неколку покани за учество на фестивали на Балканот и пошироко.

Хористите се враќаат на редовните проби, а веќе следниот месец ќе учествуваат на фестивал во Темишвар, Романија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охриѓанецот Димитар Пејчиновски освои трето место на завршниот турнир во Јадранската текбол лига
Next Редовни тренинзи и дисциплина се најважни да се биде успешен спортист велат младите спортски надежи Јован, Софија и Стефанија Кутаноски

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.