Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 5. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението „Опција“ од Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организираат трибина на тема „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид“.

– Целта на трибината е да го промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу граѓаните на Општина Охрид за да се зголеми бројот на пријави на дискриминација од страна на локалното население и да се придонесе кон поеднакво и поправедно општетсво без дискриминација. На трибината ќе се разговара за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација. Понатаму, ќе се разговара за проблемите со дискриминација со кои се соочуваат маргинализираните групи граѓани, велат организаторите.

Трибината ќе се одржи денес од 12:00 часот во Младински центар Охрид (кај касарната).

Оваа трибина е прва активност во Општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ракометен Куп на Македонија: Вардар вкрстува со Алкалоид, Пелистер игра со Пролет
Next Стендап претставата ,,Влези не се соблакај” одложена, ќе се игра на 19-ти мај

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.