Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 5. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението „Опција“ од Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организираат трибина на тема „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид“.
– Целта на трибината е да го промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу граѓаните на Општина Охрид за да се зголеми бројот на пријави на дискриминација од страна на локалното население и да се придонесе кон поеднакво и поправедно општетсво без дискриминација. На трибината ќе се разговара за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација. Понатаму, ќе се разговара за проблемите со дискриминација со кои се соочуваат маргинализираните групи граѓани, велат организаторите.
Трибината ќе се одржи денес од 12:00 часот во Младински центар Охрид (кај касарната).
Оваа трибина е прва активност во Општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
