Анкара, 23.јули 2015 (ИНПРЕС) – Водечкиот турски весник „Милиет” отпушти еден од најпознатите коментатори заради критика против политиката на претседателот Реџеп Ердоган во однос на џихадистите од „Исламска држава“.
Раководството на весникот објави дека договорот со Кадри Гурсел е прекинат, откако тој објавил на Твитер коментар, кој е во спротивност со уредувачката политика.
Од страната на социјалната мрежа новинарот го обвини претседателот дека е главниот фактор за подемот на ИД и дека е срамно што светските лидери изразија сочувство пред него поради жртвите од атентатот во Сурук извршен од џихадисти. “Застрашувачки е што изразија сочувство за Сурук, светските лидери се јавија на човекот кој е број еден како фактор за појава на тероризмот на ИД во Турција”, напиша коментаторот.
„Коментарите на нашиот автор Кадри Гурсел се некомпатибилни со разбирање и одговорноста на новинарите од нашето издание”, се вели во соопштението на уредувачкиот тим. Договорот со новинарот беше прекинат веднаш.
При нападот во Сурук извршен во понеделникот, загинаа 32 лица.(Крај)
извор:Локално фото:архива