Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

1 min read

Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер од 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.

– Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во нашата институција. Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори во вистинскa смисла, се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, геометриската апстракција, а од друга страна, е акцијата и гестуалниот потез, односно апстрактниот експресионизам, лирската апстракција и енформелот, информираат организаторите.

Додаваат дека естетиката на апстрактниот експресионизам и лирската апстракција ќе го изменат перцептивниот однос кон предметите, а со тоа и самата психологија на создавањето на уметничкото дело, така што создавањето е сфатено како импулс на внатрешна енергија, односно како единство на гестот, знакот и акцијата.

– Енформелот од друга страна како правец доаѓа малку подоцна, односно кон крајот на шеесеттите години на 20. век. Енформелот ја носи со себе естетиката на чиста љубов кон материјата, каде што делото ја напушта целосно смислата за боја, линија и гест и постанува исечок од една макро или микро природа, потенцираат организаторите на изложбата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна…секоја година иста слика
Next Утре промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.