Утре прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „7 Ноември“ и „Марко Нестороски“
November 1, 2023

Охрид, 1. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Поради интевенции на водоводната мрежа поврзани со реконструкцијата на улицата „7. Ноември“ утре повеќе часа без вода ќе бидат жителите на неколку охридски улици.

– Поради извршување на неколку интервенции на водоводната мрежа поврзани со реконструкцијата на улицата „7. Ноември“, на ден 02.11.2023 година (четврток), од 08:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улиците : „Егејска“, „7. Ноември“ и „Марко Нестороски“, информираат од охридски „Водовод“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива