УХМР: Во сабота не очекува локално невреме
August 4, 2023

Скопје/Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Под влијание на атмосферски фронт утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

– Наместа ќе биде во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Препорачуваат, во случај на појава на електрични празнења граѓаните да имаат поголема внимателност и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Денес и утре ќе се задржи многу топло време, утре со засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, информираат од УХМР.

извор: УХМР/ИнПрес фото: ИнПрес