Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Фото изложба на тема „Вода = Живот“ во Касарна Хаб

Фото изложба на тема „Вода = Живот“ во Касарна Хаб

1 min read

Охрид, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Амбасадата на Холандија, организираат фото-изложба на тема „Вода = Живот“.

Ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот во „Павилјон 2“ од поранешна Касарна на улица „Радојца Новичиќ“ б.б. во Охрид.

– Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени климатски предизвици и многу од нив се поврзани со премногу, премалку и премногу валкана вода. Иако водата ја има насекаде, само 2,5 отсто од светската вода е свежа вода. Од оваа свежа вода, само мала количина (1 процент) е лесно достапна во езерата, реките и мочуриштата. Остатокот е заклучен во глечери (две третини) или скриен во подземните води (речиси една третина). Историјата, културата и иднината на Холандија се нераскинливо поврзани со водата. Затоа Холандија е посветена да ја вреднува водата како скапоцен и незаменлив ресурс, порачуваат организаторите.

Во 2022 година, во пресрет на COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во фото натпреварот „Вода = живот“. Но, и покрај толку многу примени моќни слики, може да има само еден победник. Тоа беше Томислав Георгиевски од Македонија со фотографијата направена во Црн Дрим во Струга.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонски наставници во Охрид ќе се обучуваат за справување со дезинформации, лажни вести и основите на сајбер безбедноста
Next Охрид најубав: 16. август 2023 година

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.