Хуманитарен новогодишен базар во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”
December 15, 2023

Охрид, 15. декември 2023 (ИНПРЕС) – Во пресрет на новогодишните празници, СОСУ „Св.Кирил и Методиј” од Охрид организира хуманитарен новогодишен базар.

– На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.

May be an image of text

Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост”.

Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи на 28-ми декември (четврток) во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива