Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Течат подготовките за третиот Ohrid Water Festival – ќе се одржи од 16-ти до 30-ти август

Течат подготовките за третиот Ohrid Water Festival – ќе се одржи од 16-ти до 30-ти август

1 min read
Течат подготовките за третиот Ohrid Water Festival – ќе се одржи од 16-ти до 30-ти август

Охрид, 4. август 2025 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за третото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.

Oд 16-ти до 30-ти август Охрид повторно ќе биде домаќин на единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма. Градот во овие денови ќе живее со водените спортови и бројните едукативни и културно – забавни настани.

Во делот на спортските активности предвидени се меѓународен ватерполо турнир за ветерани, кајак, веслачка и едриличарска регата, пливачки митинг, куп во спортски риболов, СУП јога на вода, регата со традиоционални кајчиња…Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на 30-ти август.

15 пливачи од 6 земји во трка за освојување медал на 36. Охридски пливачки маратон

За време на фестивалот покрај спортско-рекреативните активности се предвидени многу социјални активности, музика, документарен филм, изложби и презентација на традиционална храна и пијалоци од охридскиот регион,

Фестивалот има за цел промоција, популаризација и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда.

Комплетната фестивалска програма може да ја најдете на следниот линк. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридските пожарникари интервенираат на превртен камион кај аеродромот
Next Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите, порача премиерот Мицкоски

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.