Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Европска недела на спортот 2025 – Спортски спектакл на кејот во Охрид

Европска недела на спортот 2025 – Спортски спектакл на кејот во Охрид

1 min read
Европска недела на спортот 2025 – Спортски спектакл на кејот во Охрид

Охрид, 25. септември 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота Охрид ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025.

Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј.

– Охриѓани имаат можност да уживаат во единствено искуство кое ги спојува спортот и забавата. Во рамките на овој спортски спектакл ќе се одржат натпревари во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, карате, таеквондо, стрелаштво, ќе има фитнес зона и уште многу забавни активности проследени со музика и вечерна програма. Да ја заокружиме заедно неделата исполнета со енергија, движење и спортски дух, порачуваат организаторите.

Настанот ќе се одржи на Кеј „Македонија“, со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори
Next Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.