Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“
Скопје, Охрид, 24. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Започнува најавената реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Согласно проектот ќе се изгради нова администраивна зграда, како и реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда со проширување на капацитетот од 3 на 8 шалтери и нов мултифункционален реконструиран дел за патници.
Вредноста на проектот е 2,7 милиони евра и ова ќе значи прво реконструирање на терминалната зграда откако е изграден аеродромот, а ќе се придонесе кон подобри услови за патниците, потенцира заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
– Проектот предвидува изгардба на нова административна зграда со површина од 250 м², нов канцелариски простор со површина 120 м², помошни простории 130 м², нов наменски простор за обезбедување на аеродромската зграда 40 м², целосна рекоснструкција и адаптрација на постојната терминалната зграда на површина од 2 000 м² на двете нивоа, како и целосно нов сообраќаен режим на постојниот паркинг, рече Николоски.
Реконструктивните зафати се дел од договорот за концесија со ТАВ Аеродроми, а се очекува да завршат до месец март 2026 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
