Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во ноември 2025 го посетиле 11.686 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

Охрид во ноември 2025 го посетиле 11.686 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

1 min read
Охрид во ноември 2025 го посетиле 11.686 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

Охрид, 13. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на месец ноември 2025 година туристички Охрид го посетиле вкупно 18.103 гости, од кои 6.417 биле домашни, а 11.686 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 33.149. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Германците – 3.537, по кои следуваат гостите од Турција 2.031, Франција 839, Грција 798, Велика Британија 637…

На ниво на државата, Република Македонија во ноември 2025 ја посетиле вкупно 77.570 туристи, од кои 19.910 биле домашни, а 57.660 странски. Остварени се вкупно 146.605 ноќевања.

Во периодот јануари-ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 %, кај домашните туристи е забележано намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %. Во периодот јануари-ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4.3 %, а кај странските има зголемување за 6,9%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Нуркачите од центарот „Амфора“ традиционално кај Музејот на вода го „запалија“ василичарскиот оган под вода
Next Нови авиолинии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од март, мај и јуни

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.