Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во среда премиерно во Охрид

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во среда премиерно во Охрид

1 min read
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во среда премиерно во Охрид

Охрид, 9. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска оваа среда, премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

„Приказната за Силјан“ кој се вброи меѓу најзначајните документарни остварувања минатата година е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Документарецот освои две награди на „IDA Documentary Awards“ – за најдобар документарен филм и за најдобра камера, имаше премиери на најголемите светски филмски фестивали, како оние во Венеција и Торонто, и бројни проекции во САД, Канада. Откупот од „National Geographic Documentary Films“ дополнително ја засили глобалната видливост на филмот. Иако „Приказната за Силјан“ не успеа да се најде меѓу најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, филмот се сметаше за сериозен кандидат за Оскар според предвидувањата на критичарите и експертите.

Охридската премиера е со почеток во 20:00 часот. Карти по цена од 200 денари во продажба на билетарата на центарот, секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на проекцијата на филмот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Повредена жена при експлозијата во куќа во Велгошти
Next Со информативни табли против дивите депонии

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.