Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со информативни табли против дивите депонии

Со информативни табли против дивите депонии

1 min read
Со информативни табли против дивите депонии

Охрид, 9. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Ќе се поставуваат информативни табли на најкритичните локации низ Охрид во борбата со дивите депонии и опасностите за здравјето на граѓаните.

– Запомнете, ресурсите, особено финансиски што се трошат за повторно и повторно подигање на нелегално одложен отпад може да се искористат за унапредување на услугите што како претпријатие ги нудиме. Затоа, доколку имате отпад за одлагање ве молиме контактирајте нѐ на 075 495 428, посочуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

За дивите депонии што никнуваат насекаде сме пишувале многупати, но свеста и културата на однесување и понатаму ни се на ниско ниво, како да важи она не можете да расчистите толку ѓубре колку што можеме да создадеме, како да постои натпревар во одлагање отпад на несоодветно место.

Од ЈП „Охридски комуналец“ неодамна за Супер радио и InPress информираа дека во текот на минатата година подигнале 5.314 m³ најразличен отпад од диви депонии создадени од несовесни поединци, а локациите на кои никнувале диви депонии се „распослани“ низ целото градско подрачје.

Како решение за овој хроничен проблем ја посочија потребата од воведување на комунална полиција. Ваква служба постои во градовите од соседството како Белград, Тирана, Подгорица и дава позитивни резултати во неколкукратно намалување на нечистотијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во среда премиерно во Охрид
Next Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.