Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Минатата година во Охрид и Струга евидентирани по 35 бесправно изградени објекти

Минатата година во Охрид и Струга евидентирани по 35 бесправно изградени објекти

Минатата година во Охрид и Струга евидентирани по 35 бесправно изградени објекти

Охрид панорама од стариот дел пристаниште кеј центар

Охрид, 1. јули 2026 (ИНПРЕС) – Минатата 2025 година во Охрид и Струга биле евидентирани по 35 бесправно изградени објекти, додека во Дебрца ниту еден, покажува извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупно 35 објекти во Охрид, 11 биле за домување, две доградби, надградби и слични адаптации, четири деловни објекти, една гаража, шест огради, осум настрешници и три помошни објекти. Од нелегалните објекти за домување пет биле исклучиво со станбена намена, додека шест за одмор и рекреација.

Во соседна Струга 9 биле објекти за домување (од кои осум исклучиво со станбена и еден со претежно станбена намена), седум доградби, надградби и слични адаптации, пет деловни објекти, три гаражи, седум огради и по една тераса, летна тераса, настрешница и помошен објект.

На државно ниво лани се регистрирани 911 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 169 објекти за домување, 110 доградби, надградби и адаптации, 116 деловни објекти, 79 гаражи, 164 огради, 9 скалила, 6 тераси, 22 летни тераси, 113 натстрешници, 17 времени објекти и 106 помошни објекти. Во 2025 година најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 %, се во приватна сопственост, а најмногу бесправно изградени објекти, 18.6 %, се за домување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous На сила е целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште
Next Од денеска може да започне исплатата на К-15

Слични вести

Утре започнува јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри Утре започнува јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри

Утре започнува јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри

На сила е временото ограничување на пловидбата на скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро На сила е временото ограничување на пловидбата на скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро

На сила е временото ограничување на пловидбата на скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро

Од денеска може да започне исплатата на К-15 Од денеска може да започне исплатата на К-15
1 min read

Од денеска може да започне исплатата на К-15

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.