Скопје, 8. мај 2026 (ИНПРЕС) – Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча. Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет. Винилот веќе е во претпродажба – ексклузивно на duris.shop во ограничен тираж.
Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот.
На албумот се наоѓаат песните, страна А -„Душа остана“, „Никој како тебе не бакнува“ „Боже, чувај ја од зло“ „ Месечина“, Игри без граници. На страна Б- „Среќна ли си ти“, „Најдрага моја“,„Јас не сум виновен“, „Цреша“, „Срце није камен“. Издавач е „Енџел мјузик“, Винил Ремастеринг е на Кокан Димушевски. Мастеринг и печатење Винил-Сони ДАДЦ Австрија.
Објавувањето на овој албум на Винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство. Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналагниот звук. „Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески
Ова е навистина момент за македонската музичка историја. Објавувањето на „Игри без граници“ на винил не е само реиздание, туку и емотивно патување назад кон звукот на ангелот што прерано нè напушти.(Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
