Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На боиштата во Сирија и во Ирак загинале 43 државјани на БиХ

На боиштата во Сирија и во Ирак загинале 43 државјани на БиХ

Сараево, 28.август 2015 (ИНПРЕС) – Разузнавачките податоци со коишто располагаат властите на Босна и Херцеговина покажуваат дека досега на боиштата во Сирија и во Ирак загинале 43 државјани на земјата, кои се побереле во редовите на екстремните исламистички организации како Исламската држава, изјави во четвртокот во Сараево министерот за безбедност Драган Мектиќ.

Одговарајќи на прашања на пратениците во текот на седницата на Претставничкиот дом на парламентот на БиХ, министерот за безбедност Драган Мектиќ изјави дека нема потврда за медиумските тврдења дека во Сирија и во Ирак војуваат повеќе од 600 лица од БиХ, како и дека податоците со коишто располагаат безбедносните служби покажуваат дека во моментов на тие боишта сега има околу 130 босанскохерцеговски државјани.

– Во последните неколку години на овие боишта загинале 43 државјани на БиХ, а во земјата се вратиле 50, изјави Мектиќ. Сите податоци со коишто располага, властите во Сараево ги разменуваат со Хрватска.

Во БиХ досега се поднесени 19 кривични пријави поради поттикнување и учество во борби на боишта во странство, а подигнати се и 18 обвиненија но сé уште никој не е правосилно осуден.

Мектиќ во парламентот на БиХ потврди и дека тамошните власти преземаат мерки кои би се соочиле со можниот прилив на бегалци кои од арапските и африканските земји се обидуваат да стасаат до Европската унија. Според него, очигледно станува збор за голеа криза, бидејќи се проценува дека по рутите се движат во моментов милион до два ипол милиона бегалци.
Власите во БиХ сметаат дека рестриктивните мерки коишто ги презема Унгарија при прифаќањето на беглаците може да доведе до тоа дел од нив до ЕУ да се обидат да минат преку други правци.

– До крајот на седмицата ќе донесеме акциски план во којшто ќе биде направена процена на сите мерки за безбедноста и пружањето на најосновните хуманитарни потреби. Сето тоа го планиравме со меѓународните организации, рече министерот за безбедност на безбедност на БиХ. (Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Џихадисти од Косово уапсени на бугарско-македонската граница
Next Земјите од Западен Балкан добија неколку обврски од Виенскиот самит

Слични вести

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.