Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Џихадисти од Косово уапсени на бугарско-македонската граница

Џихадисти од Косово уапсени на бугарско-македонската граница

Софија, 28.август 2015 (ИНПРЕС) – Албанци на возраст од 20 до 25 години синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓуешево на границата со Македонија. Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.

Началникот на граничната полиција во Ќустендил Васил Митов потврдува дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали.

Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.

По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа.

Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Грција го осуди уривањето црква во Албанија
Next На боиштата во Сирија и во Ирак загинале 43 државјани на БиХ

Слични вести

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.