Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Великаните на светската и балканската гастрономија неделава доаѓаат во Охрид

Великаните на светската и балканската гастрономија неделава доаѓаат во Охрид

1 min read
Великаните на светската и балканската гастрономија неделава доаѓаат во Охрид

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Факултет за туризам и угостителство по втор пат ќе биде домаќин на великаните на светската и балканската гастрономија.

На покана на доц. д-р Климент Наумов, а во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни „Гастромак“ и со поддршка од Општина Охрид, ќе гостуваат еминентни стручњаци од областа на кулинарството.
Во Охрид доаѓаат Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија).

– Доајенот Стево Карапанџа заедно со негови колеги шефови Изток Легат и Уве Мишел, како врвни готвачи од светски ранг, во среда на 9-ти октомври ќе одржат теоретски и мотивациони предавања пред студентите по гастрономија на Факултетот за туризам и угостителство, како и поширокиот кулинарски аудиториум, информираат од ФТУ.

За среда е закажана прес конференција од 12:00 часот во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, Вања Тодоровска, гласноговорник на „Гастромак“ и доц. д-р Климент Наумов, како раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид.

Во четврток, 10-ти октомври шеф Драгица Лукин и шеф Жељко Невен Бремец ќе одржат целодневен мастер клас во кујната на факултетот од областа на слаткарството и подготовката на јагнешко месо на традиционален начин.

Од ФТУ додаваат дека ова е прв од низата настани поврзани со гастрономијата што во текот на академската година ќе се реализираат кај нив. Ќе следуваат уште гостувања на врвни експерти од областа на кулинарството во претстојниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 7. октомври 2024 година
Next Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на Конкурсот „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.