Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот хор Vox Lychnidos ќе настапи на јубилејниот 50-ти Меѓународен хорски фестивал „ТЕХО 2023” во Тетово

Охридскиот хор Vox Lychnidos ќе настапи на јубилејниот 50-ти Меѓународен хорски фестивал „ТЕХО 2023” во Тетово

1 min read

Охрид, 22. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos ќе настапи на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ ТЕХО 2023”, што викендов ќе се одржи во Тетово.

Хористите деновиве со интензивни проби се подготвуваат за гостувањето. Фестивалот се одржува во две вечери, а нашиот настап е во недела на 25-ти јуни, изјави за Супер радио и InPress диригентот Бурим Хидри.

– Тетовската сцена ни е веќе позната и претходите години имаме настапувано на фестивалот. Ќе настапиме со четири композиции: Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие за која јас го направив аранжманот, а солисти ќе бидат Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска , потоа Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt и традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner. Ваквите фестивали се одлична можност за средба со хоровите од други земји, размена на искуства и договарање на идна соработка и гостувања, вели Хидри.

Успешната хорска сезона, исполнета со бројни настапи како во земјава така и надвор, Vox Lychnidos ќе ја заокружи со петтото јубилејно издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, што ќе се одржи на 27-ми јуни во црквата Св.Софија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Викендов ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023” во организација на „ХВА РАНГ ИТФ“
Next Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер и во вторник репризно пред охриѓани

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.