Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер

1 min read

Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Денеска остварив протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

– Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев. Разговаравме и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, со посебен акцент на проектите за заштита и зачувување на животната средина, Охридското Езеро и исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така, се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид, истакна Пецаков.

Додава дека на средбата била потенцирана и важноста на континуираната поддршката од страна Француската амбасада за фестивалот Охридско Лето. Во рамки на овогодинешната програма на 3. август во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи Француска вечер на која ќе настапат врвните француски пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Младиот Јован Кутаноски од Струга, повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е голем талент поддржан во кампањата на АСОМ
Next Отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците во Охрид

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.