Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“

Започнува јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“

1 min read

Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – На летната сцена Долни Сарај, вечерва и утре ќе се одржи јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“.

Фестивалот, изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.

Во првата, фолк вечер ќе слушнеме 19 новосоздадени песни, што ќе ги изведат Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група „Сарај“, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска-Новица Василевски и Наум Петревски-Лилија Семкова. Во ревијалниот дел ќе настапи Сузана Спасовска.

„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали и надвор од границите и еден од значајните симболи на Охрид кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија.

На втората, интернационална вечер, ќе слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“ и Дадо Топиќ овогодинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започнува новата учебна година, во Охрид годинава 456 првачиња, 83 помалку од минатата година
Next Затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика: Започна Ohrid Jazz Festival

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.