Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Николовски: Членови на Slow Food Ohrid и готвачот Димитар Арнаудовски ќе бидат меѓу учесниците на вториот национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“

Николовски: Членови на Slow Food Ohrid и готвачот Димитар Арнаудовски ќе бидат меѓу учесниците на вториот национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“

1 min read

Охрид, 29. септември 2023 (ИНПРЕС) – Следната сабота, 7-ми октомври, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи вториот национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“.

На овој ден ќе се слави и биодиверзитетот на храната и традицијата на Македонија, па и органските производители како понов тренд, изјави за Супер радио и InPress Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Slow Food Macedonia, кој додаде дека меѓу учесниците секако ќе бидат и охридски производители, претставници на конвивиумот Slow Food Ohrid.

– Ќе се одржува во периодот од 11:00 до 18:00 часот, ќе има над 300 излагачи, мали производители од Македонија, производители на традиционална, органска храна, мали семејни винарии и дестилерии, занаетчиски пивари, ќе има преработки од овошје и зеленчук, месени работи, житарици, до сирења, месни производи, тартуфи…Секако дека меѓу учесниците ќе има и членови на Slow Food Ohrid, кои по традиција се дел од настаните, ќе се претстават производители на традиционална храна, мали винарии, како Пирустија „Неданоски“, Monastery Winery, Papas Food и други, потенцира Николовски.

Во рамки на саемот свој сегмент ќе има и Алијансата на готвачи, а свое претставување ќе има и охридскиот готвач Димитар Арнаудовски. Предвидени се официјални презентации на различни традиционални специјалитети приготвени со производите од малите производители.

Николовски додаде дека ќе има и детско катче. Во посебен павиљон децата ќе се едуцираат, преку целодневна програма од повеќе сегменти, ќе учат како да месат леб, постапка од зрно до погача, како се прави сирење, како да ги разликуваат семињата на локалните сорти на житарици и мешунки.

Саемот „Вкуси ја традицијата“ е во организација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Slow Food Macedonia, а со поддршка од GIZ.

Slow Food Macedonia брои 40 организации и здруженија кои делуваат во секторот на земјоделство и храна и обединува над 300 производители. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро од почетокот на месецов досега се намалил за 15 сантиметри
Next Прв академски час за бруцошите на Факултетот за туризам и угостителство

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.