Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Крањ/Охрид, 13. мај 2024 (ИНПРЕС) – Откако неодамна го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години, атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски го подобри резултатот.

На Меѓународен митинг што викендов се одржа во Крањ, Словенија, Стојоски патеката ја истрча за време 52,84.

Претходно, на Меѓународниот митинг што се одржа во Марибор, Словенија, 400 метри со пречкиистрча за време 53.65 и го собори рекордот на Бранко Илиевски (55.11), поставен во далечната 1980 година.

Стојоски е носител на 9 државни рекорди. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива