Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • МЛС денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

МЛС денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

1 min read
МЛС денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за локална самоуправа (МЛС) денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам.

Презентацијата го опфаќа опремувањето на современиот центар за физикална терапија во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и реконструкцијата во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ Охрид, достигнувања овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. Ќе се одржи денеска, 9-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот, во болницата „Св. Еразмо“, а во 13:20 часот ќе се посети објектот на специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, директорите на установите, д-р Харалампие Шокароски и д-р Билјана Теговска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Календар на МПЦ-ОА: Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Next На денешен ден е роден светски познатиот научник со Вевчански корени Михајло Пупин

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.